Сирење, кашкавал, млеко, јогурт се производи без кои не поминува ниту еден наш ден. Затоа тргнавме „по патот на млекото“, од онаму од каде што го добиваме на нашите трпези. Дали знаете, сте виделе ли како се произведува млекото и млечните производи? Низ кој процес поминуваат за да стигнат до рафтовите во продавниците, за ние така едноставно да ги ставиме во корпа и да се насладуваме. Отидовме во млекарницата број еден во земјава „Здравје-Радово“ за практично да ни презентираат како од најквалитетното млеко во земјава прават производи кои ретко кој од нас не ги консумира. Бевме таму каде ретко кој, освен вработените имаат пристап. До неодамна помалку анонимна, оваа млекарница прерасна во врв на македонското млекарство. Н` примија во кумановскиот погон во кој поранешниот ЗИK „Kуманово“ го претворија во модерен производствен погон на млекарницата „Здравје Радово“.
Сирење, кашкавал, млеко, јогурт се производи без кои не поминува ниту еден наш ден. Затоа тргнавме „по патот на млекото“, од онаму од каде што го добиваме на нашите трпези.
Дали знаете, сте виделе ли како се произведува млекото и млечните производи? Низ кој процес поминуваат за да стигнат до рафтовите во продавниците, за ние така едноставно да ги ставиме во корпа и да се насладуваме.
Отидовме во млекарницата број еден во земјава „Здравје-Радово“ за практично да ни презентираат како од најквалитетното млеко во земјава прават производи кои ретко кој од нас не ги консумира. Бевме таму каде ретко кој, освен вработените имаат пристап. До неодамна помалку анонимна, оваа млекарница прерасна во врв на македонското млекарство. Н` примија во кумановскиот погон во кој поранешниот ЗИK „Kуманово“ го претворија во модерен производствен погон на млекарницата „Здравје Радово“. Нови производи и продолжување на 50-годишната традиција е мотото за успех на оваа компанија која ги преживеа сите млечни кризи, влезот на странските млекарници во земјава и успеа да се издигне гордо на врвот. Исто како и паунот кој н` пречека на влезот од нивната кумановска подружница. И да не знаете каде сте, пријатниот мирис на свежо млеко ќе ве насочи кон погонот од кој секојдневно излегуваат 50-ина тони млечни производи спакувани за на трпези.
Уште при самиот влез н` пречекаа насмеаните лица на вработените кои веднаш не „маскираа“ во бели стерилни мантили и обувки, за да не „спакуваме“ по некоја бактерија во производите. Топло како во сауна, па потоа ладно како во замрзнувач. Вака ќе се чувствувате ако поминете низ „процесите“ каде што се прават врвните млечни производи во земјава. Од местото каде што млекото се стерилизира до преработката во разни сирења и кашкавали - местото каде што кашкавалот поминува низ процесот на зреење со денови и месеци за да го достигне врвниот квалитет.
- Овде сите сме исти, нема високи потпетици и мода. Kако и млекото, с` е бело тука. ХАЦЦП-от и новиот стандард за заштита при работа ОХАСАХ беспрекорно функционираат – објаснуваат вработените.
Иако се наоѓаме во млекарница, никаде не видовме млеко. Затворениот систем на преработка н` однесе до крајните производи. Kашкавал, сирење и најновиот јогурт „шланг“, се само дел од производите кои излегуваат од овој погон.
- Од 2004 година го презедовме ЗИK „Kуманово“. Ова автоматски значеше продолжување на педесетгодишната традиција на производство на далеку познатиот кумановски овчи кашкавал. Преземавме дел од вработените во комбинатот, а дел се нови. Има деведесетина вработени меѓу кои многу технолози што секојдневно внимаваат на процесот на производство. Секој ден само во оваа подружница на млекарницата се преземаат околу 50 тони млеко, од кои 23 тони одат за производство на млечно-киселинскиот програм, а со остатокот се произведува кашкавал - велат во млекарницата.
Тоа по што се препознатливи е врвниот квалитет и стандардните производи.
- Ние прво правиме анализи, па дури потоа откако ќе утврдиме што сакаме, лансираме производ. Се држиме до тоа да нема варијации, односно да имаме изедначен квалитет што е многу побитна работа бидејќи купувачите сакаат кога ќе создадат една навика да немаат изненадувања, ни позитивни ни негативни - велат во млекарницата.
Почетокот беше во 2002 година со гринфилд-инвестиција во струмичкото селото Радово, каде што се создаде скромен капацитет за преработка на 2.000 литри млеко дневно. Млекарницата денес преработува над 110 тони млеко дневно како влезна суровина, што е за 30 отсто повеќе во поглед на суровината од втората по големина млекарница во земјава. Сега „Здравје Радово“ е голема компанија со 270 вработени и три фабрики, во Радово, Kуманово и во Василево, а наскоро се планира производство на сокови во Скопје.
Јогуртот е и терапија
Дека и Македонците обрнуваат внимание на храната и сакаат да бидат здрави и витки, покажа и истражувањето на млекарницата „Здравје“ од Радово. Новиот производ, јогуртот „шланг“ е создаден токму за оваа категорија луѓе, но и за останатите, велат во оваа фирма.
- Свеста на граѓаните е на повисоко ниво и во постојан пораст е побарувачката на здрава храна која освен функционално дејство има и нутритивна вредност која позитивно влијае на здравјето на луѓето. „Шланг “ е пробиотски јогурт кој влијае на дигестивниот тракт и ја стабилизира работата на цревата. Пробиотиците се живи организими кои доколку се консумираат во доволно количество имаат одлично влијание и на имунолошкиот систем на луѓето, велат во млекарницата.
Експертите велат дека пробиотскиот јогурт е задолжителен третман по антибиотска терапија за обнова на нормалната микрофлора на цревата.
- Kај децата го минимизира времетраењето на дијареи при вирусни цревни инфекции. За 6 до 10 отсто го редуцира ризикот од коронорна болест поради редукција на нивото на холестерол во крвта и што е најважно, многу е вкусен, велат лекарите.
Јогуртот на пазарот излезе пред еден месец, со три тони дневно производство. Од „Здравје“ велат дека продажбата оди одлично и секојдневно се зголемува количеството што се пласира низ маркетите во државава.
miki